Кригла Пиво

Beertone – брилијантна идеја

Beertone е проект на кој работат двајца швајцарци и концептот ни изгледа доста корисен, а воедно и забавен.

Beertone – брилијантна идеја

Се работи за изработка на палета на бои на пива од одредена земја, заедно со описот на пивото, слика од амбалажата, слика на пивото во чаша, информации за производителот и содржината на алкохол, информации за бојата (RGB, CMYK, Web, SRM…поздрав дизајнери!) и слично.

Сега за сега луѓето ја имаат изработено палетата за сите швајцарски пива и во тек на изработка се со пивата од Германија и Бразил.

Овие палети се воедно и крајни производи, кои би можеле да се нарачаат на самиот официјален сајт www.beertone.ch при што освен палетата добивате и останати комплементарни производи поврзани со ништо друго туку со пиво!

Покрај тоа што добивате вакво преубаво пивско пакетче (сега засега има три опции со различна цена), добивате можност да влезете во друштвената компонента на овој сајт, а тоа е: да бидете член на нивниот Beertone клуб и како таков да добивате известувања за пивски дегустации, купони за попуст, новитети итн., можност за праќање на покани за пивски седенки после работа со вашите колеги откако претходно ќе ја изберете локацијата на вашето омилено место, можност да им предлагате  локации каде се точи пиво, кои тие ќе ги внесат во нивниот локатор за клуб корисниците…

Е доста беше со описи, кликнете и проверете сами за што се работи. До наредната брилијантна идеја, на здравје пиво!

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар