Кригла Пиво

Beck’s со 6 уметнички етикети

Германската пиварница Beck’s од Бремен пред еден месец пушти во промет ограничена количина на шишиња пиво со уметнички дизајни на етикетите. Шесте дизајни се дело на различни уметници меѓу кои и познатата пејачка M.I.A. од Лондон. Останатите 5 дизајнерски решенија се на Aerosyn-Lex од Њујорк, Bert Rodriguez и Geoff McFetridge од Лос Анџелес, Freegums од Мајами и Willy Chyr од Чикаго. Оваа ограничена серија на уметнички шишиња ќе се продава до крајот на Јули само во неколку избрани земји меѓу кои се САД и Германија.

Повеќе од 25 години Beck’s е поддржувач на уметноста, а предходно своите дела на нивните шишиња ги имаат ставено и некои легендарни имиња како Andy Warhol, Yoko Ono, Damien Hirst, Tracy Emin или Jeff Koons.

Објавено на 12.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар