Кригла Пиво

Bavaria со нови секси реклами

Personal Beer TrainerБезалкохолното пиво на Bavaria е секси! Накратко, тоа е пораката од нивната нова рекламна кампања насловена „Personal Beer Trainer“. Секси рекламите за пиво никогаш не излегуваат од мода и секогаш предизвикуваат внимание. Сега поврзани со уште една чувствителна тема, здравиот живот. Бред и Кели се двајцата инструктори кои ќе ве водат во неколку фитнес лекции во кои ќе се користи Bavaria пивото. Како да искористите пивско шише за подобрување на изгледот на вешето тело? Првите лекции можете да ги погледнете на клиповите подолу.

Доколку имате Facebook сметка, лекциите на Бред и Кели можете да ги гледате и на официјалната страница на Bavaria која е прилагодена за оваа кампања.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар