Кригла Пиво

Bavaria дрес код за победа

Bavaria дрес код за победа

Девојките во специфичен портокалово-син дрес код се заштитен знак на холандското пиво Баварија. Некои ќе се присетат дека нивни девојки беа избркани од стадионите во Јужна Африка за време на светското првенство во фудбал 2010 годинa бидејќи со својата облека и провокативност вршеле прикриен маркетинг. Баварија со тоа си доби огромен бесплатен публицитет низ сите светски медиуми.

Сега пред европското првенство во фудбал во Полска и Украина, Баварија повторно ги употребува своите провокативни девојки во реклама каде тие им го привлекуваат вниманието на навивачите, на фудбалерите, судиите, фотографите, камерманите, режисерите па дури и коментаторите. Доколку не го знаете дрес кодот за победа на Баварија, погледнете ја рекламата.

Објавено на 31.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар