Кригла Пиво

Bass Platform – Прв дабстеп фестивал во Македонија

На 29ти септември во Капан Ан ќе биде одржан првиот дабстеп фестивал во Македонија, Bass Platform. Фестивалот e проект на тимот на Bass Infusion, веб сајт започнат во 2010, чија цел е промовирање на недоволно застапените музички жанрови како dubstep, drum and bass, uk garage, future garage, 2-step итн. На фестивалот Bass Platform за прв пат во Македонија ќе настапат изведувачите од најпознатата бугарска дабстеп групација, Platform.

Прв дабстеп фестивал во Македонија - Bass Platform

Platform e првата дабстеп етикета во Бугарија како и најбрзо растечката промотерска куќа за електронска музика во регионот. Platform во рок од една година успеа да ја направи Бугарија епицентар на регионалната дабстеп сцена, носејќи огромен број звучни имиња од глобалната дабстеп сцена, меѓу кои: Caspa, 16 Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside, Balkansky и многу други. Platform се исто така одговорни за првата дабстеп компилација во Бугарија, „Platformula 1“ како и за првиот настан во живо пренесуван на веќе легендарната GetDarker TV. Екипата на Platform Music има настапувано низ неколку балкански држави, докажувајќи ја својата класа на врвни дабстеп селектори.

Во Македонија Platform доаѓаат во полн состав, Basscatz (JamezBongg b2b Monk) кои настапуваат на четири грамофони, придружени од WeeDess, Аlgoriddim, додека MC на вечерта ќе биде Bashment aka MC Pappa Rhythm. Македонска поддршка ќе бидат Bass Infusion и Nerses.

Билетите за фестивалот по цена од 150 денари ќе може да се набават на влезот на Капан Ан, во старата скопска чаршија вечерта на настанот кој ќе започне од 23.00 часот.

Линк до официјалниот Facebook настан: https://www.facebook.com/events/375609679175593/

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар