Кригла Пиво

Балкански пиво фестивали кои треба да ги посетите во 2012

Во Македонија фестивалите на пиво кои се одржуваат во летниот период се доста популарни и доста посетени последниве неколку години. Но, дали сте размислувале да посетите некој фестивал надвор од нашите граници? Иако сите ние би сакале да присуствуваме и на некој од најголемите настани посветени на пивото во светот како Октоберфест, Големиот британски пиво фестивал или пиво фестот во Прага, тие бараат издвојување на поголеми финансиски средства, кои не можеме секогаш да си ги дозволиме.

За крај на 2011 година, како алтернатива за големите фестивали, ви предлагаме листа на неколку пиво фестивали во околните земји кои би требало да ги посетите во 2012 година доколку сте љубители на ваквите настани:

  • Dani Piva – најстариот балкански фестивал на пивото кој се одржува од 1984 година во Карловац, Хрватска
  • Belgrade Beer Fest – најреномираниот пиво фест на овие простори кој се одржува во главниот град на Србија и следната година ќе слави десетгодишнина.
  • Vrnjačka Banja Beer Fest – организаторите на пиво фестот во Белград, како загревање за нивниот фестивал од 2010 година ја користат Врњачка Бања.
  • Dani piva – српската верзија на Дани Пива се одржува во Зрењанин од 1986 година
  • Festa e birres – единствениот пиво фестивал во Албанија кој следното лето ќе се одржи по седми пат од 15-18 Август во Корча.

Доколку сте посетиле некој од овие фестивали, слободно споделете ги вашите импресии во коментарите.

Објавено на 22.12.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар