Кригла Пиво

Српскиот хип-хоп состав Bad Copy со свое пиво

Српскиот хип-хоп состав Bad Copy со свое пиво

Српскиот хип-хоп бенд Bad Copy кои што ја испеаја песната „Љубов или пиво“ сега конечно ќе имаат свое брендирано пиво. Производството е на најпопуларната мала пиварница на овие простори Kabinet Brewery, додека дизајнот на етикетата е на Braća Burazeri. Според информациите се работи за светло ејл пиво со 5,6% алкохол, матно, непастеризирано и нефилтрирано кое што ќе се полни во шишиња од 330мл.

Српскиот хип-хоп состав Bad Copy со свое пиво

Официјалната презентација на пивото е утре, па да се надеваме дека за брзо ќе го пробаме во Македонија со оглед на тоа што Bad Copy се чести гости кај нас и имаат голема база на фанови 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар