Кригла Пиво

Метал бендот Anthrax со свое пиво – Wardance

Anthrax со свое пиво - Wardance
Уште еден бенд се запишува на се подолгата листа на музичари со свои брендирани пива. Се работи за Anthrax, thrash метал бендот кој што заедно со Butternuts Beer & Ale Brewery го најавија излегувањето во продажба на Wardance, пејл ејл пиво со 5.5% алкохол. Пивото ќе биде во продажба од 27 март, најпрво само во Њујорк во места каде што се продаваат craft пива.

Scott Ian, гитарист и единствен член на бендот од самото основање:

Долго време посакував сопствено пиво, се работеше само за пронаоѓање на вистинскиот човек кој што тоа ќе го претвори во реалност. Јас сум фан на Butternuts, особено на нивниот Porkslap Pale Ale и кога дознав дека Чак (основачот на пиварата) е заинтересиран за правење на пиво со нас, веднаш реков ДА.

Извор: Facebook.com/anthrax

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар