Кригла Пиво

Андроид апликација „Пијам одговорно“

Мобилната андроид апликација „Пијам одговорно“ е дело на ЏаБест, при-пејд производот на One која на хумористичен начин им помага на корисниците да внимаваат при пиење алкохол. Доколку претераш со пиење можеш да си повикаш такси автоматски од апликацијата која е поврзана со такси компании во неколку градови во Македонија. За таа цел треба да ви биде вклучен GPS-от на вашиот телефон за да бидете лоцирани каде се наоѓате.

За успешно користење на апликацијата, корисникот треба да ги внесува испиените количини и видови на пијалоци (пиво, коктел, вино и сл.), по што добива соодветни пораки кои имаат цел да го насмеат и информираат за неговата состојба. Со таквите комични пораки, апликацијата го задржува вниманието и интересот на корисникот.

Нашите најголеми забелешки за „Пијам одговорно“ се јазичните грешки, паѓањето на апликацијата на нашиот андроид уред кога се обидувавме да повикаме такси и рандом пораките кои би требало да бидат поригорозни и поразлични при поголема испиена количина на алкохол. Кригла Пиво како поддржувач на одговорното консумирање алкохол, ви препорачува да си ја инсталирате и да ја користите оваа апликација.

Апликацијата можете да ја сметнете од Google Play на следниов линк: Пијам одговорно

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар