Кригла Пиво

Andes: Скријте го последното пиво

Досега неколку пати пишувавме за креативните маркетинг кампањи на аргентинскиот пивски бренд Andes. Нивната последна рекламна кампања се вика „Camouflager“, а главната поента е во тоа што Andes изнајдува нови, иновативни предмети каде што потрошувачите ќе можат да го скријат своето последно пиво. Замислата и реализацијата повторно е на рекламната агенција Del Campo Nazca Saatchi & Saatchi.

Сите фанови на Andes на нивната Фејсбук страна во февруари можеле да си изберат свој предмет за камуфлажа на своето пиво како никој не би го пронашол за да го испие. Веруваме дека многумина од нас посакале нешто слично како би го намалиле стравот дека некој ќе ни го грабне последното пиво од фрижидер. Ние во Македонија немаме таква среќа да го имаме Andes па мора да се снајдуваме сами. Каде вие го криете последното пиво?

Објавено на 05.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар