Кригла Пиво

Andes: Големото бегство

Аргентинскиот бренд Andes ангажираше специјален спасувачки тим кој може да ве спаси од секој непријатен и депресирачки настан и да ве однесе на многу подобро место, барот со вашите пријатели на добро, ладно пиво. Се што треба да направите е да ја потполнете апликацијата на нивната Facebook страна со информации за досадниот настан од кој што сакате да побегнете и тие ќе испратат тим од професионални актери за да ве спасат.

За жал кампањата е само во одреден регион во Аргентина, па ние во Македонија ќе мора да се снајдуваме на по-примитивен начин. „The Great Escape“ исто како и досегашните креативни кампањи на Andes е смислена и организирана од добропознатата аргентинска рекламна агенција Del Campo Nazca Saatchi & Saatchi.

Објавено на 05.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар