Кригла Пиво

Andes: Момчето со шишињата

Уште една одлична реклама за аргентинскиот бренд на пиво Andes направена од агенцијата Del Campo Nazca Saatchi & Saatchi.

Оригиналното име на рекламниот видео спот е „A Singular Man“ иако може да го сретнете и како „Bottlefingers“. Нас наједноставно ни се чинеше да го наречеме „Момчето со шишињата“ бидејќи има за цел да го промовира новото Andes пиво со поширок отвор (устинка) на шишето.

Во рекламата, младата и убава дама Louise добива работа да се грижи за човекот кој ги заглавил сите прсти во пивските шишиња. Заради таа ситуација тој се плаши да излезе од дома, а не може ниту да се бричи, да јаде, да си пушти музика или да танцува. Се до едно утро кога се случува магија и неговите прсти се слободни повторно. Дали е тоа резултат на девојката која се грижеше и се заљуби во него? Не, тоа е придобивка од новото Andes пиво и девојката сега може да си оди дома бидејќи повеќе не му е потребна.

Рекламата нема среќен крај, девојката е разочарана, а момчето останува со својата љубов, пивото. И сега очекуваме коментари од девојките дека сите мажи се исти 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар