Кригла Пиво

AllWeb – Прва интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија

AllWeb - Прва интернет маркетинг и oнлaјн ПР конференција во Македонија

Првата Интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија – AllWeb, што на 23 ноември ќе се одржи во Скопје во City Hall (Hard Rock), на сцена ќе донесе неколку познати и признати експерти во полето на Интернет маркетинг и социјални медиуми од Европа и потесниот регион. Говорници од Google, PRpepper, IAB Europe, Internet agencija, Coolshark и други, преку кратки презентации и панел дискусии, со учесниците на конференцијата ќе споделат практични знаења и искуства кои се однесуваат на развој на дигиталниот пазар, ефективно интернет огласување, како и користење на социјалните медиуми во бизнис цели.

“Причината поради која се решивме да организираме една ваква конференција беше недостатокот на простор за споделување на практични знаења и искуства на овие теми, кој што се чувствува во Македонија“- изјави Дарко Булдиоски, еден од организаторите на конференцијата. “Предизвикот за организирање на AllWeb е голем, но веруваме дека на овој начин ќе понудиме ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на Интернет, студентите, но и за локалните претприемачи“- додава тој.

Видео најавата на Дарко и Цаци:

Некомплетната програма која што ќе претрпи измени, засега изгледа вака:

9.00 – 11.00 – Како до побрз развој на дигиталниот пазар
– Официјално отварање
– Alain Heureux, IAB Europe и Савица Кусакатски IAB Macedonia
– IAB во регионот – искуства, примери, развој на пазар [панел]

11.00 – 11.30 Време за офлајн дружба

11.30 – 13.30 – Ефективно интернет огласување
– Ведран Бајер – Google (TBC)
– Бариш Доган – Coolshark
– Тимотеј Гала – Httpool
– Ежени Брзовска – Економски факултет
– Онлајн огласување во Македонија [панел]

13.30 – 15.00 Време за офлајн дружба

15.00 – 17.15 – Социјални медиуми – многу повеќе од маркетинг канал
– Никола Спасов – Агенција Рејтинг – Кој твита во Македонија?
– Никола Бојков – im.mk
– Ивона Галиќ – ONE #Letogram (TBC)
– Милоје Секулиќ – HomePage.rs
– Драгана Ѓермановиќ – PRPepper

Паралелно – Работилница за онлајн огласување

AllWeb е организирана во соработка со IAB Macedonia (The Interactive Advertising Bureau), а ќе се случува на една главна сцена и паралелни работилници. Повеќе информации за конференцијата може да се најдат на официјалната веб страна www.allweb.mk

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар