Кригла Пиво

Наскоро академија за пиво во Прилеп

Академија за пиво во Прилеп

Прилепската пиварница денеска најави дека наскоро ќе отвори Академија за пиво, на која ќе говорат експерти за пиво од Германија, Австрија и останати европски земји. Академијатa ќе биде по повод јубилејот, 90 години постоење на пиварницата кој се одбележува оваа година со неколку манифестации и активности кои ќе бидат во насока на промовирање на културата на пиење пиво, одговорноста и свесноста при консумирање на овој пијалок.

На самите почетоци во Прилепската пиварница се произведувале 8000 хектолитри пиво годишно, додека сега по 90 години капацитетот е на над 500 илјади хектолитри пиво претежно за домашниот пазар. Златен Даб и Крали Марко се сопствени брендови на оваа пиварница, а од странските пива се дистрибутери за Tuborg и Carlsberg. Прилепската е една од петте пиварници на Балканот со најсовремен технолошки процес според менаџерите, а продолжувањето на усовршувањето на производствениот процес како и зголемувањето на продажбата се приоритети за во иднина.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар