Кригла Пиво

Монументален албум на Aeon Arcanum за бесплатно превземање

Денес во Кригла Пиво сме музички расположени – петок, убав ден 🙂

Monuments Album Cover

Ви ги претставуваме, Aeon Arcanum, бенд чија музика може грубо да се класифицира како психоделичен death metal, но всушност содржи елементи од повеќе музички правци, кои момците навистина добро ги имаат вклопено во ова нивно прво официјално музичко дело.

Бендот е формиран во 2003 година, тогаш познат под името Arcanum, а во текот на нивното творење имаат издадено две демо снимки, претходејќи му на нивниот прв албум.

Членови се:
Александар Иванов (вокали, гитара, електроники, клавијатура, тамбура)
Драган Теодосиев (тапани, перкусии, придружни вокали)
Дарко Аврамовски (бас)
Даниел Ефтимов (гитара)
Андреј Караџоски (гитара)

Албумот Monuments, кој воедно е самостојно издаден, ги содржи следниве 7 песни:

1. Dysphoria
2. Morbid Incarnation
3. Mind’s Eclipse
4. Lurid Luminance
5. Alteration of Insanity
6. Cosmic Solitude
7. Entreaty
    — времетраење: 40:37–

Monuments можете да го превземете од официјалниот сајт на бендот, на следниов линк.

Оние кои поддршката сакаат да ја изразат со купување на физичка копија од албумот, за истото можат да се информираат на Facebook фан страницата на бендот.

Пријатно бесплатно слушање до наредната музичка препорака. \m/

Објавено на 22.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Магдалена Јовеска е дипломиран економист на отсек е-бизнис. Практичните и работните ангажмани ги има остварено во полето на интернет маркетинг, едукативен консалтинг и нови медиуми.

Додади нов коментар