Кригла Пиво

AC/DC со пиво во Австралија – Rock Or Bust

AC/DC со пиво во Австралија - Rock Or Bust

AC/DC ќе издадат лимитирана серија на пиво кое ќе се вика Rock Or Bust за време на нивните концерти во Австралија во месец ноември. Пивото кое е насловено според нивниот последен албум, ќе се продава во Aldi супермаркетите во лименки и буриња од 5 литри.

Сепак ова не е прв алкохолен пијалок кој што го имаат брендирано AC/DC. Тие од претходно имаат свое пиво, германски премиум лагер со 5% алкохол и свое вино. Претходната недела лимитирана серија на пиво најави уште еден легендарен музички бенд, Металика.

Извор: metalhammer.teamrock.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар