Кригла Пиво

5 Престолнини на пивото во Европа

Октоберфест 2010Нема да биде ништо ново доколку кажеме дека најдоброто пиво се прави во Европа. Скоро секоја држава си има свој препознатлив пивски бренд. Сепак, некои градови се одвојуваат од другите не само по пивото туку и по традицијата и препознатливоста.

Ние одвоивме 5 европски престолнини кои што мора да ги посети секој љубител на пивото:

1. Минхен

За главниот град на Баварија, сместен на југот од Германија и не треба некое посебно претставување. Дом на најпознатиот пивски фестивал, Октоберфест кој што се одржува секоја година при крајот на Септември и почетокот на Октомври и го посетуваат повеќе од 5 милиони посетители. Минхен е познат по своите пиварници и особено по белото пиво (Weissbier). Нeкои од најдобрите и најпопуларни пива кои морате да ги пробате во Минхен се: Paulaner, Helles, Pilsener, Dunkler или Starkbier. Секако не заборавајте да ги посетите ниту пивските градини, а задолжително е посета и на некој фудбалски натпревар на двата најпознати фудбалски клубови: Баерн Минхен или Минхен 1860.

2. Даблин

Главниот град на Ирска е секогаш асоцијација за две работи, ирските пабови и едно од најпознатите пива на денешницата, Guinness. Верувам дека секој од нас сака да го почувствува оригиналниот амбиент во ирските пабови без разлика дали се оние на „The Irish Pub Company“ или нему сличните. Пивото и храната се секогаш најдобри кога се дегустираат во вистинскиот традиционален и препознатлив амбиент. Од пиварницата на Arthur Guinness е излезен најпрепознатливиот ирски бренд, истоименото пиво Guinness. Нема љубител на пиво што не пробал Гинис и што повторно не се навраќа на неговиот вкус. Се произведува во повеќе од 50 земји во голем број на варијанти со различна алкохолност. Ирците важат за доста пријателски настроени кон туристите така што Даблин е една од дестинациите што морате да ги ставите во својот бележник.

3. Амстердам

Холандскиот гравен град е неизбежен во една ваква листа не само поради тоа што е дом на Heineken туку и поради надалеку прочуениот ноќен живот. Heineken освен по добриот вкус моментално е поврзуван и како главен спонзор на Лигата на шампиони во фудбал но и по одличните и креативни рекламни кампањи. Освен пабовите не пропуштајте прилика да посетите некоја од журките во локалните дискотеки каде најпознатите светски DJ-и се чувствуваат како дома. Ако сакате да пробате нешто ново тогаш задолжителна е посетата на некој coffeeshop. За фудбалските фанатици секогаш има можност да присуствуваат на некој од натпреварите на најпознатиот холандски клуб, Ајакс.

4. Прага

Според статистиките, Чесите важат за народ што пие најмногу пиво. Тие се горди на својот просек, повеќе од 150 литри по човек. Освен што пијат мнооогу, горди се и на своите пива кои ги сметаат за едни од најдобрите во светот. Со тоа се сложуваме и ние секако. Најпознати пива кои морате да ги пробате се: Budweiser (целосно различно од американското Budweiser пиво), Staropramen, Pilsner Urquell, Gambrinus, Velvet или Bernard. Особено не ги пропуштајте појаките, темни пива кои се нивни специјалитет! Освен тоа во Прага секоја година се одржува и еден од најголемите фестивали на пивото во овај дел од Европа кој заедно со големиот број на културно-историски споменици е мамка за секој турист да ја посети претсолнината на Чешка.

5. Копенхаген

Многумина не би помислиле дека Данска може да биде интересна земја за туристичка посета. Но, добрите познавачи веднаш би дале против аргумент со споменување на два големи брендови пиво што потекнуваат од оваа скандинавска земја, Tuborg и Carlsberg. Уште еден интересен факт, Данска е земја со најголем број на микро-пиварници по жител. Доколку се одлучите да одите во Копенхаген, имајте во предвид дека е прилично скап град, а луѓето се исто така ладни и на прв поглед не баш пријателски расположени. Но, после неколку кригли пиво би требало да ги придобијате на ваша страна.

Во кои од овие градови сте биле? Кој град би го препорачале за конзумирање на пиво? Коментарите се отворени за вашите размислувања. Cheers

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар