Кригла Пиво

5 бесплатни мобилни апликации за следење на ЕП 2012

Утре започнува 14-тото Европско првенство во фудбал што ќе се одржи во Полска и Украина. Денес ви препорачуваме 5 бесплатни мобилни апликации преку кои ќе можете во секој момент да бидете во тек со настаните од истото. Не заборавајте да се снабдите со доволна количина на пиво и грицки за следните денови, одберете си фаворит, организирајте си гледање на фудбал во друштво и забавата е загарантирана. Да уживаме заедно со фудбалските мајстори од Стариот континент!

1. UEFA EURO 2012 by Carlsberg – Android | iPhone
Започнуваме со апликацијата што прва излезе на маркетите и доста бучно се најавуваше како апликација од официјалното пиво на првенството. За жал истата е премногу разочарувачка и освен неколку основни функционалности скоро и да нема напредни можности. Нашите очекувања дека оваа апликација ќе ни го долови ЕП 2012 на дланка не се остварија. Надежта дека ќе се подобри со апдејтите како се приближува првенството не испаднаа реални. Останува да видиме дали ќе испадне корисна за следење на прес конференциите, видео снимките од интересните моменти, коментирање во живо на натпреварите или за избирање на најдобар играч на секој натпревар – „Carlsberg Man of the Match Award“.

2. Official UEFA EURO 2012 app – Android | iPhone | Blackberry
Како што кажува и самото име ова е официјалната мобилна апликација од УЕФА за европското првенство која е достапна за Андроид, Ајфон и Блекбери уредите. Можете да си го ставите вашиот омилен тим на врвот на апликацијата како лесно би пристапувале и би биле известувани за нивните информации и за време на натпреварите можете да добивате известувања за постигнатите голови, новите видеа што се прикачени, новости за вашите омилени тимови, па дури и за добиените жолти и црвени картони. Се разбира, овие известувања можете да ги исклучите доколку не сакате да ве замараат додека гледате фудбал. Во апликацијата е вграден и тикер кој ќе ги покажува промените на резултатите во живо. Неизоставни се информациите за играчите, распоредот на натпревари, фото и видео галеријата како и информации за градовите и стадионите за тие што ќе бидат на лице место во Полска и Украина. Недостигаат информации за судиите, историја на првенството, рекорди…

3. Football Attack Euro 2012 – Android | iPhone
Доколку сакате да се забавувате со предвидување на резултатите, а не сакате да се обложувате, тогаш ова е вистинската мобилна апликација за вас. Можете да ги погодувате резултатите од сите натпревари за што добивате одреден број поени. Успесите можете да ги споделувате на Твитер или Фејсбук и да се натпреварувате со вашите пријатели. За разлика од некои други апликации овде нема освојување беџови и задолжително е да имате Фејсбук профил.

4. Euro Live Center 2012 – iPhone
Оваа апликација е достапна само за корисниците на iPhone или iPad уредите, меѓутоа интересното е што е преведена на македонски јазик. Овозможува статистики за натпреварите, коментирање во живо, текстуален опис на интересните моменти од натпреварите, информации за тимовите и играчите, информации за стадионите, топ листи и нотификации за голови, почеток или крај на полувреме, резултати, коментирање на Твитер и сл.

5. Euro 2012 Guide – Android
Далеку од најдобра Андроид апликација, но и дадовме предност поради тоа што е мала, брза, прегледна и неоптоварена со премногу информации. Се што ви треба набрзина да најдете го имате тука без да треба многу да пребарувате или да влегувате во менијата. Најдобар избор за брз преглед и апликација што ние најмногу ја користиме за планирање на распоредот на натпревари.

Објавено на 07.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

3 коментари

  1. Борис June 8, 2012 во 12:28 pm

    Иако во текстот станува збор за апликации, во контекст на муабетот нема да ми замерите да споделам една компаниска новост дека за време на траењето на ЕП во Фудбал, сите љубители на фудбалот ќе имаат уште една можност да останат во тек со сите моментални резултатит на фудбалските терени во Полска и Украина со уште една можност.

    Имено, најголемиот македонски провајдер на безжичен интернет SunWireless , за време на траењето на првенството овозможи сервис за бесплатно следење на сите резултати во реално време.

    Тоа значи дека сите оние кои ќе се најдат во една од хот-зоните на SunWireless со својот мобилен телефон или друг преносен уред (лап-топ, ПДА, таблет..) можат да се прикачат на wi-fi мрежата на SunWireless и бесплатно да ги следат резултатите постигнати на првенството.

    Поздрав,

  2. andreja dodov June 9, 2012 во 3:04 pm

    site ovie apliacii se ok ama dqleku nad niv e Nokia Goal. Besplatna aplikacija od nokia so mnogu skrieni dobri finti

    • Krigla Pivo June 9, 2012 во 6:28 pm

      Сепак таа е општа апликација, овде ги одбравме апликациите кои се специјално направени за ова Европско првенство. Поздрав

Додади нов коментар