Кригла Пиво

2CELLOS го отвораат Пивофест 2013

2CELLOS го отвораат Пивофест 2013

Во исчекување на целосната програма на Пивофест 2013, засега официјално можеме да објавиме само дека на првиот ден од фестивалот на 18 јули ќе настапат хрватските челисти 2CELLOS. Дуото на Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер се стекна со светска слава со преработката на познатата песна „Smooth Criminal“ од Мајкл Џексон која имаше огромен број на прегледи на YouTube и им заработи покана да бидат дел од турнејата на Елтон Џон. Во продолжение можете да погледнете уште неколку нивни преработки на песни од познати изведувачи, а во Прилеп сигурно ќе можеме да уживаме во изведбите на „Welcome to the Jungle“ на Guns N’ Roses, „Purple Haze“ на Jimi Hendrix, „Smells Like Teen Spirit“ на Nirvana и уште многу други песни од Green Day, AC/DC, Coldplay, Red Hot Chili Peppers, Sting, U2…

Од другите можни настапувачи на годинешниот фестивал на пивото засега се шпекулира со неколку имиња, меѓу кои и Владо Георгиев, Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ и Јелена Розга. За сите нив ќе објавиме кога ќе имаме потврда од организаторите или нивните промотери.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

3 коментари

  1. me May 21, 2013 во 10:59 pm

    2Cellos заслужуваат да бидат јаготка на шлагот, а не да го отворат нашиот фестивал, според мене. Нивната креативност заслужува многу повеќе внимание, публика и уживање, а сите знаеме дека на отворањето на Пиво Фестот, излезеноста на народот е многу помала од подоцна… Пак ќе повторам, тоа е само мое мислење. 🙂

  2. Ана May 23, 2013 во 6:46 pm

    Подобро е да се на почеток, додека не се собрала рајата што ги слушаше цеца и останатите изминативе години 🙂

  3. симона May 27, 2013 во 7:34 pm

    2Cellos си се во ред, но ако Владо Георгиев, Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ и Јелена Розга се останатите настапувачи, овој Пивофест ќе биде најтапа до сега.

Додади нов коментар